Протестен марш против аерозагадувањето во Скопје
Здружената иницијатива „Зелен хуман град“, денеска ќе одржи протестен марш пред Министерството за животна средина и просторно планирање. Оттаму, ќе се маршира кон Собранието на Република Северна Македонија, потоа кон Владата, а протестот ќе заврши пред бараките на Град Скопје.
- Поминаа речиси три недели од претходниот протест, две недели од доставените барања, а одговор од институциите уште нема. На кого му служат? Без чист воздух нема здравје! Без здравје нема живот! Ги полниме болниците и ги оставаме своите пари по аптеките, велат од „Зелен хуман град“.
Оттаму очекуваат секој граѓанин од Скопје и секој кој може од останатите градови да се приклучи на протестот за чист воздух.
- Да ја испратиме 2024 година со чиста совест дека сме направиле најмалку што можеме за нашето здравје и здравјето на идните генерации! Колку повеќе сме, толку поголем ќе биде притисокот за вистински промени! Воздухот што го дишеме не е за преговарање и немаме повеќе време за чекање, велат од „Зелен хуман град“.
Според податоците на УНИЦЕФ, како што е наведено во соопштението, 11,6 отсто од смртните случаи кај новороденчињата во земјава се поврзани со загадениот воздух, што значи дека секое деветто починато дете под една година го губи животот поради аерозагадувањето.
Ново на Сител
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ