Македонија
2. October 2024 - 11:46

Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско

Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север синоќа ги лишиле од слобода  Б.Р.(41) од липковското село Матејче и Љ.Љ.(32) од Куманово.

Како што соопшти МВР, при преглед во патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Р., а сопатник бил Љ.Љ., биле  пронајдени две лица, мигранти од Непал.

Б.Р. и Љ.Љ. биле лишени од слобода синоќа, во 19:40 часот во кумановското село Табановце, на крстосница кон село Лојане, Липковско. 

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.