ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај имало вкупно 1 727 повици на Единствениот број за итни случаи 112.
- Од нив „реални“ повици биле 54,49 отсто, а 45,51 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 66,08 отсто, кон Итната медицинска помош 27,97 отсто, а кон пожарникарите 2,46 отсто од реалните повици кон 112, се вели во соопштението.
Во последното деноноќие имало регистрирано осум пожари на отворено на територија на државата. Гореле стрништа, депонии, ѓубришта, одпад, гуми, сува трева и нискостеблеста вегетација.
Регионалниот ЦУК Скопје информира дека двајца пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје вчера, од 11:40 до 12:40 часот, со едно возило гаснеле запалена депонија на површина од 500 метри квадратни во Долно Лисиче, Општина Аеродром.
Во период од 15:30 до 16:00 часот, тројца пожарникари со едно возило интервенирале на запалено ѓубре на површина од 300 метри квадратни на улица „Скупи“ во Општина Карпош.
Четворица пожарникари со едно возило синоќа, од 18:10 до 20:00 часот, гаснеле запалена нива на површина од 500 метри квадратни кај Кадински мост.
Пожарникарите од 00:50 до 1:35 часот гаснеле запалено дрво и грмушки на површина од 10 метри квадратни на улица „2“ бр.16 во село Студеничани. Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило.
РЦУК Битола иинформира дека вчера, од 15:50 до 17:45 часот, двајца пожарникара интервенирале на запалено стрниште во село Долно Српци.
ТППЕ Кочани вчера, од 13:30 до 14:55 часот, интервенирала на запалена ниска вегетација и стрниште во село Зрновци. Со пожарот била зафатена површина околу 1 хектар.
Во период од 17:50 до 18:40 часот, четворица пожарникари интервенирале на запален одпад, гуми во село Сиричино, Општина Јегуновце.
ТППЕ Гостивар имала една помала интервенција, а ТППЕ Гевгелија од 4:05 до 4:50 часот со едно возило и двајца пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и отпад во месноста викана Випро во Општина Гевгелија.
Ново на Сител
-
Бискупот Стојанов му го честита 25 годишниот јубилеј на Неговото блаженство г.г. Стефан
-
Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во Слатино, таткото и синот пренесени во болница
-
Ужас во Скопје: Роднина соблекувал малолетно девојче, па се самозадоволувал пред неа
-
Домашен миленик настрада од улични кучиња
-
Објавен извештајот за починатото 14-месечно бебе, еве ги деталите
-
Следува продолжен викенд: 11-ти Октомври неработен ден за сите граѓани на Македонија
-
Во изминатите четири дена во Грција биле откриени и спасени над 580 бегалци и мигранти
-
Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби опрема како донација од Италија