Пронајдени и спасени деца кои се изгубиле на Водно
На единствениот број за итни случаи 112, вчера била добиена пријава за залутани деца во пределот на Средно Водно кои преку земјен пат сакале побрзо да стигнат во градот, но се изгубиле, соопшти Центарот за управување со кризи. Веднаш била известена полицијата и по релативно кусо децата се најдени во добра здравствена состојба и се превезени до нивните домови во Скопје.
Според последниот 24-часовен извештај на ЦУК, од вкупниот број 1.522 повици на бројот за итни случаи 112, „реални“ повици за итни случаи биле 33,84%, а 66,16% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.
Согласно природата на настаните, преку ЦУК кон полиција биле упатени 50,80% од повиците од 112, кон Итната медицинска помош 37,97%, а кон пожарникарите биле упатени 7,49%.
ЦУК информира и дека викендов имало 25 пожари на отворено - во саботата 21 и четири пожари вчера, и тоа во Битола, Прилеп, Крушево и Куманово.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс