-->
-->
Пронајдени 14 мигранти во возило пред тунелите кај Демир Капија
-->
Мешовит патролен тим од Полициската станица за ГП и ГН “Богородица“, по претходно известување од Полициската станица во Неготино, вчера во 18.00 часот пред тунелите на Демир Капија во правец Гевгелија – Скопје, во патничко моторно возило „Форд Експлорер“, без регистарски ознаки и без возач, биле пронајдени пет лица мигранти, а во непосредна близина на возилото уште девет лица мигранти.
МВР денеска соопшти дека е извршен увид на местото на настанот и извршен е разговор со мигрантите. Мигрантите, се посочува, ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма
-
Расте интересот за дуално образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка