Балкан
5. November 2018 - 14:10

Пронајден мртов на 24 години: Синот на легендарниот автор на песната Пукни Зоро загина во Шпанија

Марко Маринковиќ (24), синот на пејачот и авторот на хитот „Пукни Зоро“ Тома Маринковиќ, почина во Шпанија под се уште не разјаснети околности. 
 
Марко починал во неделата, кога под неразјаснети околности паднал од тераса од познат хотел, каде престојувал  со уште неколку студенти од Србија кои биле дел од програмата „Еразмус“.
 
Несреќата се случила во неделата околу 10 часот. Според наводните локални медиуми Марко останал сам во собата, откако неговиот цимер се симнал на појадок. За сега се уште е непознато дали е самоубиство или несреќен случај.