Промоција за бесплатно летање на која било дестинација на „Катар Ервејс“
Катарската авиокомпанија „Катар ервејс“ ги информира сите патници дека со резервација на карта до 19 септември учествуваат во извлекувањето на девет шанси за бесплатно летање за една година на која било дестинација на „Катар ервејс“.
Во рамки на промоцијата на „Глобалниот патувачки бутик", катарската авиокомпанија на патниците нуди цени од 429 евра на летови во економска и бизнис класата, како и можност да Добијат мега награди, платинум Privilege Club членство, комплиментарни надградби за бизнис класа и комплиментарни престои за три ноќи во хотел во Доха.
Главниот комерцијален директор на „Катар ервејс“ Ехаб Амин, информираше дека дневните награди вклучуваат ваучери за надградби до бизнис класа, доделување до 100.000 Qmiles во бизнис класа и 50.000 во економска класа, надградба на статусот на Privilege Club Сребрен и Златен, комплиментарен хотелки престој во луксузни хотели во Доха и ваучери за Qatar Duty Free.
Како дел од промоцијата, “Катар ервејс“, исто така, нуди специјални цени за патници кои им овозможуваат на двајца патници да патуваат заедно на првата и бизнис класа за да добијат дополнителни попусти, како и ексклузивни попусти за групни резервации меѓу три и седум патници.
Ново на Сител
-
Шест нови лета од Скопје и Охрид
-
ССМ: Наместо граѓаните, корист од замрзнатите маржи имаа трговците
-
Преглед на вестите од светот
-
Меџити: Има добра волја за уставни измени
-
Ковачки: СДСМ да ја поддржи стратегијата
-
СДСМ: Сиљаноска да одговори зошто помилува тешки криминалци
-
Шест нови авио линии
-
Перински: Никој жив не може да пресмета колку должи ЈСП