Промоција на книгата „Мало фолио за театар“ од Иван Додовски
Театролошката студија „Мало фолио за театар“, посветена на развојот на театарот во Битола од Иван Додовски вечер ќе биде промовирана во неговиот роден град.
„Мало фолио за театар“ содржи предговор, четири поглавја, прегледна театрографија и исцрпен индекс на имиња. Четирите поглавја се однесуваат на театарски критики, студии и осврти, записи од фестивали и интервјуа, кои авторот ги пишувал од 1993 година до денес.
Собраните текстови, од кои некои за првпат се објавуваат во оваа книга, се однесуваат на најзначајните личности, појави и процеси во областа на драмата и театарот во независна Македонија.
Изданието ќе го промовираат Владимир Милчин и Иван Јерчиќ, актер и директор на Народниот театар од Битола.
Специјална гостинка на промоцијата ќе биде актерката Јоана Поповска, доајенка на македонското глумиште.
Ново на Сител
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен