Македонија
5. March 2025 - 11:15

При претрес во Кочани пронајдено оружје и дрога - приведени две лица

На 04.03.2025 во 17.15 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода К.Е.(31) и М.Е.(25), двајцата од Кочани. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ калибар 12 GA, куршуми со различен калибар, марихуана и грендер со остатоци од марихуана, соопшти МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.