Промоција на книгата „Извештаи на рисот“ од Славе Ѓорѓо Димоски и Сергеј Андреевски
Во Галеријата на Македонскиот културен центар денеска ќе биде промовирана книгата „Извештаи на рисот“ од Славе Ѓорѓо Димоски и Сергеј Андреевски.
Книгата е оригинален и уметнички кохерентен проект составен од песни на Славе Ѓорго Димоски и цртежи на Сергеј Андреевски. На 44 странци содржи дваесетина песни и исто толку цртежи, распоредени во неколку циклуси.
На промоцијата ќе може да се купат и единствените 10 примероци од книгата што содржат орgигинален цртеж, потпишан од Сергеј Андреевски. За делото ќе зборува професорот Иван Џепаровски, а стихови ќе чита Арна Шијак.
Славе Ѓорѓо Димоски роден е 1959 година во Велестово, Охрид. Завршил Филолошки факултетво Скопје. Автор е на единаесет книги поезија, четири книги поезија за деца и три книги со есеи. Негови песни, поетски циклуси и посебни книги преведени се на триесетина јазици. За својата поезија добитник е на најзначајните државни и неколку интернационални награди. Живее во Велестово.
Делата на Сергеј Андреевски, кој е роден во Скопје во 1960 година, се дел од поставки на приватни колекционери и национални установи во земјава, а уште повеќе во странство (Германија, Франција, Словачка, Велика Британија, Турција, САД, Тунис, Египет, Јапонија, Кина, Индија, Јужна Африка, Австралија и др.). Тој е основач на меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт поинт-гумно“ со седиште во село Слоештица, во чии рамки успешно се реализира Уметничка резиденција со гости од сите континенти.
Ново на Сител
-
Мареј нов тренер на Ѓоковиќ
-
Ердоган ги поздрави налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд против Нетанјаху и Галант
-
Блатер за ФИФА: Создадов чудовиште
-
Едно лице повредено во престрелка во Арачиново, вмешан и Шенки Версаче
-
Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал
-
ОЈО Тетово поведе истражна постапка против 51-годишник, поради оружје и муниција
-
Уапсен 65 годишен струмичанец, поради пронајдена дрога
-
Неверојатниот Кејн собори рекорд во Бундеслигата