Проект за влашкото малцинство во Македонија, поддржан од ЕК
Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово информира дека во наредните три години ќе се спроведува проектот „КУ Тенда-приказни, слики и звуци во движење (Сеќавања од Југоисточна Европа)“.
Проектот се реализира во соработка со романскиот Национален музеј во рамки на програмата „Креативна Европа“ на Европската Комисија. Партнери на ЦИД во спроведувањето на овој проект ќе бидат организации од Италија, Романија и Бугарија.
- Целта на проектот е да се прикажат материјалните и нематеријалните наследства на малцинските групи, како и нивната поврзаност со мнозинската култура во секоја држава. Ние во Македонија ќе се фокусираме на влашкото малцинство и неговата богата културолошка традиција, и тоа посебно во овој североисточен регион со Куманово како негов најразвиен центар, соопшти Центарот за интеркултурен дијалог.
Планирано е да се одржат повеќе работилници во секоја од партнерските држави кои, како што се наведува, ќе го охрабрат меѓукултурниот дијалог преку уметност, занаетчиство, гастрономија... Проектот ќе се спроведува преку интердисциплинарен пристап со посебен фокус на културниот идентитет и нематеријално наследство, со користење на различни методи и перспективи да се зборува за минатото и да се истражуваат теми како што се етнички идентитет, културолошка припадност и колективна меморија на Југоисточна Европа.
На патувачки изложби, како во Македонија, така и во земјите на партнерските организации ќе се претставуваат уметнички производи, преку концерти на традиционална и современа музика, филм, театарски перформанси... Предвидено е да се објави публикација во која на јасен начин би се презентирале активностите во сите држави како и веб страница, која ќе има за цел полесен и побрз пристап до информации поврзани со овој проект.
Ново на Сител
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024