Македонија
4. July 2024 - 19:49

Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд

Членот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд.

Судот денеска одлучи дека Јолески немал аргументи да ја тужи Комисијата за заштита од дискиминација, која укажа дека обвинителката Ленче Ристовска била дискриминирана кога се бирале обвинители за во Вишото јавно обвинителство. Ристовска не беше одбрана од Советот на јавни обвинители, кога Јолески раководеше со него, со образложение дека била млада, но и на породилно отсуство, во двата наврати кога аплицираше да биде виш јавен обвинител.

Обвинителката Ристовска денеска ја поздрави одлуката на Управниот суд  и кажа дека институциите и општеството започнале да ги препознаваат формите на дискриминација кон жените.

Комисијата за заштита и спречување на дискриминација ја донесе одлуката за обвинителката Ристовска во декември минатата година, со заклучок дека во Вишото јавно обвинителство биле унапредени и помлади обвинители од Ристоска, но и бремени и породени обвинителки.

Јолески кога беше и претседател на Советот на јавни обинители, кажа дека не гласал за Ристоска, не бидејќи била бремена туку дека немала резултати во работењето. По одлуката на Комисијата за дискриминација, требаше јавно да и се извини, но не го стори тоа и ја тужеше Комисијата за заштита од дискриминација пред Управниот суд.

Ленче Ристоска беше обвинител во поранешното СЈО, а меѓу предметите кои ги застапуваше се Таргет-тврдина за масовното прислушкување, Талир 1 и Талир 2.

Оваа година, по предлог на Јавното Обвинителство поранешниот министер за правда Кренар Лога, ја назначи за прв македонски јавен обвинител за врски со Европравда.