Проект за услуги за социјална вклученост

Проект за унапредување на услугите за социјална вклученост, финансиран од Европска Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), ќе спроведе Министерството за труд и социјална политика во наредните две години.
Вредноста на проектот, што ќе биде промовиран денеска, изнесува 1.366.250 евра. Ќе го спроведе конзорциум предводен од WYG International Ltd. Потписник на договорот е Министерството за финансии.
Целта е да се подобри системот, услугите и професионалните капацитети за социјална вклученост на мажите и жените кои се во понеповолна положба и да се унапредат еднаквите можности на пазарот на труд.
Проектот се состои од три компоненти, за унапредување на професионалната рехабилитација и вработување на лицата со инвалидитет, за воведување услуги за лична асистенција за луѓето со инвалидитет и за надградба на постоечкиот ИТ мониторинг систем и вмрежување.
Ново на Сител
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
