Продолжува проектот „Отворени денови на ФЗОМ“
Проектот „Отворени денови на ФЗОМ“ ќе продолжи да се реализира до крајот на летово поради големиот интерес на граѓаните.
Сите заинтересирани осигуреници летово секој четврток во период од 10 до 15 часот во сите 30 подрачни служби на ФЗОМ ќе имаат можност да се информираат за начините на остварување на правата од здравствено осигурување и новините за остварување право на породилно отсуство, соопшти ФЗОМ.
Граѓаните од стручните лица во подрачните служби ќе продолжат да добиваат прецизни информации за поедноставената процедурата за пререгистрација на невработените лица, за остварување на правото на БПО, за ортопедските помагала, рефундирање на здравствените услуги и лекови, како и за тоа дали се наплаќаат лекарските потврди за во градинка, училиште.
Од ФЗОМ посочија дека граѓаните го изразиле своето задоволство од поголемата ефикасност на службите на Фондот, побрзото решавање на предметите за рефундации и на пократките рокови за сервисирање на надоместоците за породилно отсуство и за боледување, како и можноста многу од услугите да се добиваат електронски.
Досега околу 50.000 осигуреници покажале интерес да дојдат во подрачните служби и да поставуваат прашања од надлежност на работењето на Фоондот. Целта е во континуитет да се зголемува нивото на информираност на осигурениците со што тие ќе можат активно да ги остваруваат сите права од здравственото осгурување.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари