Продолжен притворот за браќата Усеини
Основниот суд во Охрид го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за продолжување на мерката притвор за Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим. Според одлуката на Судот браќата Усени ќе останат во притвор уште 30 дена, со образложение дека таквата мерка се изрекува поради постоење можност за нивно бегство.
Браќата Усеини веќе осум дена се во притвор, поради постоење сомнение дека се сторители на кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“. Тие по покренувањето на пријавата шест дена беа недостапни на органите на прогонот, по што сами се пријавија на органите на власта во Охрид.
Основниот суд во Охрид пред два дена го прифати предлогот на осомничените кои понудија 30 илјади евра како гаранција за излез од притвор, но таквта одлука вчера беше одбиена од Апелацискиот суд во Битола.
Советникот во Општина Охрид и восок функционер на ДУИ во Охрид Нефи Уесини и неговиот брат Ибраим се товарат дека физички го нападнале и му се заканувале со оружје на лицето С.Т. од Охрид и неговиот малолетен син. Додека траеше потрагата по Усеини, С.Т. го промени исказот посочувајќи дека се работи за недоразбирање односно неправилно протолкувана изјава.
Против Нефи Усеини и во минатото се поднесувани пријави за сторени кривични дела „насилство“, „физички напад“, „узурпација на јавна површина“.
Ново на Сител
-
Какви незаконски работења откриле контролите на Фондот за здравствено осигурување во ЈЗУ
-
Вреди: Без амин од ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту еден денар
-
Ѓорѓиевски: Градоначалниците се недопирливи
-
Обид за убиство во Кочани - напаѓачот е фатен и приведен
-
Опожарени три автомобили во Расадник во скопска Кисела Вода
-
Околу 500 000 метри кубни дрва годишно завршуваат на црниот пазар
-
Без нов закон за средно образование нема целосна инклузија на лицата со попреченост
-
На Охрид му треба елитен или масовен туризам