Пробиштип ги одредува приоритетните проекти за наредната година
Општина Пробиштип работи на новиот буџет за 2019 година, а во него предвидени се и повеќе пари за инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов истакна дека како прв приоритет е целосна реконструкција на улицата „Тодор Александров“.
–Прв приоритет е улицата „Тодор Александров“ каде ќе се менува водоводна и канализациона мрежа, ќе се постават нови тротоари и улично осветлување. Проектот е со вредност од 20 милиони денари, вели Анастасов.
Втората улица на која догодина ќе има многу работа, е улицата „Трети Април“, каде што ќе има целосна замена на фекална и атмосферска канализација и изградба на нови тротоари и осветлување.
Најголем проект за општината е проширувањето на Филтер станица, со што ќе се подобри квалитетот на дистрибуцијата на водата за пиење. Инвестицијата од 1.200.000 евра е донација од Словенија и од Владата на Р.Македонија.
Инаку Пробиштип е една од најзадолжените општини во источниот регион, а која до Владата има доставено долг од над 72 милиони денари.
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај