Приведено лицето кое оштети 18 возила во катната гаража во Центар
Полициски службеници од Полициска станица Центар при СВР Скопје денес го привеле С.А.(48) од Скопје, постапувајќи по пријави од граѓани примени во 07.25 и 07.40 часот, според кои во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар било извршено оштетување на нивните патнички возила.
- Од страна на полициски службеници веднаш е излезено на местото на настанот и по преземени мерки било констатирано дека станува збор за оштетување на 18 патнички возила коишто биле паркирани во катната гаража, според информациите од портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.
Според информации од МВР, извршен бил увид од страна на увидна екипа, а по дополнителни мерки утврден е сторителот кој ги извршил оштетувањата, кој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.
- За случајот е известен Јавен обвинител по чии насоки делото е класифицирано по чл.243 од Кривичниот законик и се гони по приватна тужба, а од страна на МВР ќе се преземат сите неопходни активности за документирање на делото, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши