Македонија
9. August 2024 - 19:01

Приведени три лица во Скопско поради предизвикување пожар

На местото викано „Дупки“ во скопското село Патишка Река денеска околу 13 часот биле лишени од слобода три лица, С.А. (59), А.А. (31) и И.А. (25) од Скопје поради основано сомнение дека предизвикале пожар.

Како што информира МВР, лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.