Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство
Двајца кавадарчани се приведени поради физички напади. Едниот ја нападнал сопругата и нејзиниот татко, а другиот е пријавен дека ја нападнал мајка си, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 14 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода Т.Ј., на возраст од 25 години, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал неговата 21-годишна сопруга и нејзиниот 49-годишен татко. Подоцна, во 21.25 часот, полициски службеници го лишиле од слобода В.Ј., на возраст од 33 години, по претходна пријава од неговата 63-годишна мајка, дека во семејниот дом физички ја нападнал, појаснуваат од СВР - Велес.
И во двата случаја известен бил јавен обвинител, а по документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани
-
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот во интеграциите, владата на Мицкоски ветува реформи
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-
ВО ЖИВО: Извештај на ЕУ за Македонија
-
Мицкоски: Не сме ние наивни како Ковачевски и Османи
-
СДСМ бара комисиска седница за новиот директор на АНБ
-
Во тек се консултации за нови членови на Комисијата за помилување
-
Уставен не поведе иницијатива за Законите за Бехтел и Енка