Струмица воведува видео надзор
Со помош на видео надзор Струмица ќе ги штити јавните површини од вандализам. Проектот е насловен Струмица безбеден град , а е инициран преку буџетскиот форум каде граѓаните го идентификуваа како приоритетен за финансирање од општинскиот буџет за следната година. Целта е да зголеми безбедноста во градот, но и полесно да се откриваат несовесните граѓани уништувачи на урбаната опрема.
Проектот ќе се реализира во соработка со струмичката полиција од која претходно исто така имало таква иницијатива со цел подигнување на безбедноста во општинскиот центар.
Според најавите на општинските власти видео надзорот ќе биде поставен низ целиот град, но засега нема точна информација за колкав број на камери се работи ниту пак за тоа колку ќе чини реализацијата на проектот.
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар