Приведени 4 лица меѓу кои и познат струмички бизнисмен осомничени за милионски криминал
Приведени се 4 лица осомничени дека со перење пари, затајување на данок и измама го оштетиле државниот буџет за десетици милиони евра. Полицијата пронашла дијаманти и голема сума на кеш во вчерашните претресите кои беа направени на неколку локации во Струмица, Скопје и Гостивар. Се работи за фирми на познат струмички бизнисмен велат извори од истрагата. Кај него се пронајдени дијамантите а кај негов вработен магационер од Скопје, полицијата пронашла поголема сума на кеш пари. Неколку лица се во бегство .
– Обемна акција на повеќе од 10 локации во македонија. Постапувавме координирано ојо гокк ,.Ујп финансии царина .Ова е еден од предметите кои има основани сомненија за епски криминал .Којшто е нажалост на штета на буџетот на македонија .Првични милионски суми кои што с епоследица на неколку кривични дела
Министерот Тошковски вели во оваа фаза од истрагата не може да открие повеќе детали кој се е вклучен во милионското затајување на данок и перење на пари преку фирми. Неофицијално откриени се и косовски државјани кои формирале фирми кои соработувале со струмичкиот бизнисмен кој важи за близок на високи функционери од поранешената власт.
За акцијата министерката за финансии упати благодарност до надлежните.
-Сакам да искажам огромна благодарност до Управата за јавни приходи и директорката Елена Петрова, а особено до колегите од Струмица и другите градови кои денес заедно со мене цел ден неуморно работеа во спроведување на акцијата во Струмица. Дел од нив директно со мене во Струмица, а дел и низ други градови на Македонија
Полицијата оваа акција ја спроведува во координација со ОЈО ГОКК а по информации добиени од УЈП. Претреси се извршени во просториите на повеќе фирми и домови на осомничените од каде е одземена обемна документација.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар