Македонија
20. October 2022 - 20:22

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од шест години

Полициски службеници од СВР Куманово вечерва во 19.15 часот, го лишиле од слобода С.А.(27) од Куманово.

Од МВР информираа дека тој бил баран по централна потерница за издржување на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.