Македонија
27. September 2022 - 10:36

Приведен крадец во прилепско, одземеното вратено на сопственикот

На регионалниот пат Македонски Брод-Прилеп, на излезот од село Ропотово, синоќа во 20:55 часот, полициски службеници од СВР Битола-Полициско одделение Ропотово, го лишиле од слобода прилепчанецот Н.Н.(38).

-Тој бил затекнат како управува трактор, кој во 09:40 часот во село Мусинци, општина Могила, го одзел од Љ.М.(51) од село Мусинци. Тракторот му бил одземен и вратен на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица, известуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.