Ѓерлек: Со низок процент имунизирани неизбежен четврти бран на Ковид-19 во Србија
Државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек, денеска изјави дека одговорот на младите на вакцинацијата против Ковид-19 е незадоволителен, бидејќи изнесува само 17,2 проценти, и дека мора да се забрза во текот на летото.
– Со толку низок процент на имунизација на младите и со делта сој што ќе ја покаже својата сила само за еден месец или два, едвај можеме да чекаме мирна есен и неизбежен е четвртиот бран, што веројатно ќе дојде пред есента, изјави тој за РТС.
Според него, во Србија досега се вакцинирани 2.416.560 возрасни граѓани на Србија, што е 48,4 проценти.
Ѓерлек напомена дека оние кои не се вакцинирани, играат „рулет со опасен вирус“ целосно непотребно, бидејќи имаме „милиони дози на вакцини“.
На прашањето за Делта сојот, тој рече дека во Србија се регистрирани два случаја пред неколку дена и дека состојбата се следи.
Ново на Сител
-
Апелација: Васил Јованов осуден со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело
-
Се заглавил во машина за правење бетон, 35-годишен работник од Бангладеш загина во кратовско
-
Семејството на Васил: Васил го украл автомобилот
-
Наставник со тврд предмет тепал ученик во средно училиште во Кочани
-
Попов: Точно е дека на 18-години направив грешка која, за жал, имаше последици
-
Герасимовски: Ja отстранувамe дивата депонија во Буњаковец, следува дезинфекциja
-
Јанев: Над 240 лажни дојави за поставени бомби
-
РКЕ: ЕВН Хоме да ги корегира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови