Приведен 58-годишник од Делчево за предизвикување пожар
На 04.02.2025 во 13.40 часот на место викано Брежјето во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода С.Д.(58) од Делчево поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
Имено, околу 12.52 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на местото настанал пожар на трева, грмушки и ниска шума. Полициски службеници на местото го затекнале С.Д., кој изјавил дека тој го предизвикал пожарот, односно дека сакал само да ја запали тревата на неговата нива, но пожарот излегол од контрола.
Екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ