Припадници на специјалните сили на Армијата следеа обука за нуркање во Грција
Основна и напредна обука за нуркање следеа припадниците на силите за специјални операции на Република Северна Македонија, што се одржа од 30 август до 8 септември 2021 година во местото Неа Перамос во близина на Атина, соопштија од Генералштабот на грчката армија, јави дописничката на МИА од Атина.
Обуката била спроведена од обучувачи на Команда за специјално војување на Генералштабот на грчката Армија во рамките на Програмата за воена соработка меѓу двете земји од 2021 година, а исто така е дел и од меѓународната соработка на грчките специјални сили со пријателски и сојузнички земји.
Од Генералштабот на грчката армија, во соопштението додаваат дека со обуката, се „нагласува придонесот на грчките специјални сили во поддршката на конкретната земјата во рамките на развојот и прилагодувањето на нејзините одбранбени способности согласно барањата на Алијансата“.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?