Прифатилиштето во Момин Поток отворено за бездомници
Поради најавите за пониски температури во наредниот период, Црвениот крст на Град Скопје денеска во Момин Поток ќе го отвори привременото прифатилиште за бездомници.
- Следејќи ги најавите за студениот бран во наредниот период, Црвен крст на град Скопје ќе го отвори Привременото прифатилиште за бездомници кое има капацитет да смести 20 лица во исто време. Бездомниците од денеска се до недела ќе може да престојуваат во прифатилиштето во Момин поток, а понатака ќе ги следиме пропораките во однос на временските услови, соопшти Црвениот крст на Република Македонија.
Оттаму информираат дека за лицата ќе бидат обезбедени и дополнителни оброци и оти во целата активност ќе бидат вклучени повеќе од 30 волонтери и професионалци.
- На терен ќе функционираат и мобилни тимови за да може полесно да ја следиме ситуацијата на терен и дојавите од граѓаните, се додава во соопштението.
Традиционалните активности кои ги добиваат во пунктот како облека, храна, хигиенски и берберски услуги, медикаменти продолжуваат на редовна основа.
Ново на Сител
-
СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-
Младите масовно се иселуваат, истокот старее
-
Охрид во хумана мисија
-
Велосипедски патеки има, но не и доволна велосипедска култура
-
Преглед на вестите од свет
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан