Македонија
19. December 2024 - 12:15

Велосипедски патеки има, но не и доволна велосипедска култура

Велосипедски  патеки има, но не и доволна  вело култура. И покрај тоа што Струмица во изминатите две години изгради околу 13 километри нова инфраструктура, за велосипедистите таа не е доволно искористена. За ефективна употреба на овие патеки потребна е и поголема едукација, велат од велосипедскиот клуб Актив. Анализите што ги направил  клубот покажале дека една од најефикасните методи е работа со средношколците. Тие, како идни корисници на велосипедските патеки, имаат огромен потенцијал да влијаат на создавањето на вело култура во градот. 

Дополнителен проблем со кој се соочуваат велосипедистите се несовесните возачи на моторни возила кои паркираат на велосипедските патеки, што ја прави употребата на патеките опасна и неефективна. Оваа појава ги ограничува велосипедистите и ја намалува безбедноста на патеките, што дополнително ги  одвраќаат граѓаните од користење на велосипедите како превозно средство.

Велосипедските патеки во Струмица беа изградени во рамки на проектот ,,Струмица паметен вело град,,кој се реализира во неколку фази .    Проектот да трае до 2025 година и  чини 750 000 евра, средства кои Струмица ги доби како грант од Европската Унија преку програмата ,, ЕУ за општините,,.