Македонија
14. September 2017 - 8:34

Презентација на можности за развој на компаниите преку програмата Еразмус плус 2018

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска организира информативен настан на тема „ССК: Можности за развој на компаниите преку програмата Еразмус плус 2018“.

Целта на информативниот настан е презентација на можностите за вклучување на бизнис-заедницата во програмите на Еразмус плус во 2018 година, наменети за компаниите без разлика на нивната големина и дејноста со која се занимаваат.

Програмите се во насока на зголемување на конкурентноста на компаниите, преку дообука на кадарот, зголемување на вмрежувањето на компаниите, ширење на бизнисот и размена на добри практики.

На настанот ќе се обратат: Александар Зарков, извршен директор на Сојуз на стопански комори на Македонија, и Дарко Димитров, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

На настанот ќе биде презентиран и процесот на аплицирање, а корисници на грантови во изминатиот период ќе споделат практични искуства за бенефитот од програмата Еразмус плус, која годинава изнесува 5, 5 милиони евра.