Македонија
3. July 2024 - 16:27

Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница

Во Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа. Охрабрувачки или не пораки од САД- шокантно ниска е довербата во судството во Македонија, а Судскиот совет треба да ги казнува и оние кои мислат дека се неказниви. Во Македонија има добри и искусни судии и обвинители кои мора да ја вратат довербата кај граѓаните. САД ќе им помогне. 

Од Брисел пак, напоменуваат дека патот на Македонија кон ЕУ е поплочен со реформите во правосуството кои мора да се спроведат. Распуштањето на Судскиот совет, според евроамбасадорот Дејвид Гир ќе биде мешање во судската власт, што би предизвикано загриженост во Брисел. 

Холанскиот амбасадор смета дека ЕУ предолго чекаше. Тие даваат пари, а Македонија треба да испорача реформи. 

По најавите на власта за можно распуштање на Судскиот совет, претседателката на советот Весна Дамева, смета дека одговорноста треба да се бара индивидуално, а не колективно. 

Денеска претседателката Дамева го презентираше напредокот во спроведувањето на препораките од Оценската мисија, која беше формирана поради незаконската смена на Дамева од претседателското место во Советот минатата година. Им додели плакети на амбасадорите Агелер, Гир и Коп за нивниот придонес во спроведувањето на реформите во Судскиот совет.