Претседателот на Српската листа во Косово повикува Србите да ги напуштат косовските институции
Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, за сабота, свикал состанок на претставниците на косовските институции на северот на Косово, на кој ќе предложи сите Срби да ги напуштат косовските институции на северот.
Повикот за напуштање на косовските институции уследи по одлуката на косовските власти да го суспендираат директорот на полицијата за северниот регион, Ненад Ѓуриќ, бидејќи одбил да ја спроведе одлуката за пререгистрација на регистарските таблички.
Ракиќ, кој е и министер во Владата на Косово за заедници и враќање, ќе предложи по напуштањето на косовските институции да се изградат и зајакнат српските институции во северната област.
Ракиќ наведува дека „влегле во косовските институции бидејќи тоа било дел од Бриселскиот договор.
Вршителот на должноста генерален директор на косовската полиција го суспендираше директорот на полицијата за северниот регион Ненад Ѓуриќ на предлог на косовскиот полициски инспекторат бидејќи одбил да ги спроведе официјалните решенија, соопшти вчера косовската полиција.
Ново на Сител
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија
-
Ќе останат ли без фактори за коагулација лицата со хемофилија?
-
Предложената концепција за гимназиско е на штета на учениците и наставниот кадар
-
Наместо ТOЕФЛ, за јавни функции ќе важи и Б2 сертификат за познавање странски јазици