Претседателот на Собранието Џафери подари новогодишни пакетчиња
Претседателот на Собранието Талат Џафери, и оваа година продолжи со веќе воспоставената традиција на подарување новогодишни пакетчиња за учениците во Посебното основно училиште „Иднина“, во Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремац“ и на болните деца на Универзитетската клиника за детски болести, Оддел Онкологија.
-Дружењето со децата од „Иднина“ и „Д-р Златан Сремац“, кои се прекрасни во својата посебност, неизбежно измамува насмевка на сечие лице, додека да се биде помеѓу децата чиишто кревки тела се справуваат со тешки предизвици, потсетува колку се во суштина големи и храбри нивните срца, а подадената рака, топлата прегратка и влевањето надеж треба да биде начин на живот за сите нас, се посочува во соопштението од собраниската прес-служба.
Џафери честитајќи им ја Новата година на дечињата им посака добро здравје, многу среќни насмевки и остварување на вашите желби и сништа.
Ново на Сител
-
Плата за живот
-
179 загинати и двајца преживеани во авионска несреќа во Јужна Кореја
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза