Македонија
5. April 2019 - 15:59

Претепан маж од Скопје, со тешки повреди пренесен на Ургентен

На 05.04.2019 околу 05:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Кузман Јосифовски Питу“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ц.Ѓ.(54) и З.Л.(55), двајцата од Скопје, од една страна и И.Т.(43) од Скопје, од другата страна.
 
И.Т. бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.