Премиерот Груевски се потпиша во книгата на жалост за настраданите во Париз
Премиерот Никола Груевски денеска во француската Амбасада во Македонија се потпиша во книгата на жалост, која е отворена по повод терористичките напади во Париз во кои животот го загубија и беа ранети голем број недолжни граѓани.
Како што соопшти прес-службата на Владата, премиерот Груевски веднаш по терористичките напади испрати и телеграма со сочуство до својот француски колега во која истакна дека мислите и молитивите на македонските граѓани се со францускиот народ.
- Нападите во Париз се напади врз целото човештво, врз мирот и слободата и врз принципите и вредностите кои ги живееме. Тероризмот не смее и нема да победи, напиша Груевски додавајќи дека потребни се заедништво, солидарност и одлучност во напорите за елиминирање на оние сили кои шират терор и насилство и кои се закана за секоја држава, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите