Прекината расправата на собраниската Комисија за избор на главен државен ревизор
Претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Илија Димовски денеска ја прекина расправата по точката за избор на главен државен ревизор, бидејќи предлогот не доби мнозинство гласови.
Пратеникот Мухамед Зеќири го предложи Адем Цури за државен ревизор и за него гласаа шест од 12 присутни членови на Комисијата. Пратеникот Ејуп Алими, пак го предложи Насер Адеми којшто ја извршуваше функцијата заменик државен ревизор.
Во образложението за предлогот за Адеми пратеникот Алими рече дека додека тој бил на раководно место во Државниот завод за ревизија имало позитивни оценки за работата на институцијата. Зеќири на тоа реплицираше дека не ја оспорува работата на Адеми, меѓутоа, како што рече, тој е 18 години на раководно место во институцијата и оти неговата кандидатура не е во согласност со барањата на ЕУ.
По гласањето Димовски ја прекина расправата за оваа точка и ги повика политичките партии да изнајдат начин да се договорат за изборот на државниот ревизор.
Државниот завод за ревизија е речиси две години е без главен ревизор, а мандатот на вршителот на должноста истече на 5 октомври.
Комисијата се очекува попладнево да продолжи со нова седница.
Ново на Сител
-
Изгореа хаварисани возила во кругот на струмичката болница
-
„Конклава“ најдобар филм на БАФТА наградите
-
Заедничка превентивна акција на МВР и општините Кисела Вода и Центар | ФОТО
-
Земјотреси од 5,1 степен во близина на Санторини - за 19 дена над 19.200 потреси
-
Прв чартер лет од Германија
-
Неделава ќе се знае дали Владата ќе го прифати предлогот на Комората на трговци за поевтинување на 100 до 200 производи
-
Макрон денеска домаќин на итен неформален состанок на европските лидери за Украина
-
Трамп сака да постигне мир во Украина до Велигден