Прекин на струја во делови од Гевглија, интервенции на 110 киловолтниот далновод
Поради неопходни интервенции на 110 киловолтниот далновод, утрово од 7 часот и 30 минути без електрична енергија останаа корисниците на трафостаницата „Оранжерија Цвет“ од која со струја се напојуваат жителите од улиците Булевар Гевгелија, Ѓорги Стамов, Гоце Делчев, Белградска, Слободан Митров Данко, Таља Бикова и Мирче Ацев, информираа од подрачната единица на ЕВН во Гевгелија.
Без електрична енергија останаа и селата Серменин, Конско, Ума, Смрдлива вода, Ски центарот Кожуф, Ново Конко и Моин како и казиното Фламинго, фабриката Контихидропласт, објектите во индустриската зона во Гевгелија и индустриските корисници на излезот од Гевгелија кон селото Моин.
Прекинот во електроснабдувањето ќе трае до крајот на работниот ден, поточно до 15 часот и 30 минути. Од гевгелиски ЕВН најавија можност прекин во електроснабдувањето да има и утре доколку денеска не завршат предвидените интервенции. Ако тоа биде неопходно граѓаните дополнително ќе бидат известени колку време и кои реони ќе останат без струја.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот