Loading Video...
Свет
8. April 2024 - 19:41

Преглед на вестите од светот

Се уште не е познато каде е телото на малата Данка Илиќ од Бор

Се уште не е познато каде е телото на малата Данка Илиќ од Бор. И денеска се пребарува Лазарева пештера кај селото Злот како и целиот простор покрај реката Злот, а ангажирани се голем број полицајци од различни специјалности со различна опрема и технички средства. Вчера со дрон опремен со термо камери и можност за 3Д мапирање беше прегледан  кањонот Лазарев, а во таа прилика не е забележано ништо. Во текот на денот ќе биде сослушана и мајката на Дејан Драгијевиќ, кој призна дека ја убил Данка но не открива каде го сокрил телото. Неговиот татко од вчера е во притвор поради сомение дека му помогнал на Дејан да го префрли телото на девојчето од двивата депонија кај Бањско поле на непозната локација. Другиот осомничен се брани со молчење. Двајцата осомничени за убиството на Данка се работници во јавното комунално претпријатие Водовод Бор. Се творат за кривично дело- тешко убиствоо во соизвршителство. Дриекторот на Водовод Бор, Горан Павиќ, поднесе оставка од функцијата, бидејќи како што рече не може да поднесе вработени во претпијатието во работното време, користејќи службено возило при извршување на нивната работна задача да извршат таков злочин.

 

Палестинците се враќаат во Кан Јунис по повлекувањето на израелската војска

Палестинците почнаа да се враќаат во Кан Јунис во јужниот дел на појасот Газа, неколку часа откако израелските одбранбени сили прогласија победа против Хамас во тој град и ги повлекоа речиси сите копнени единици. Речиси 400.000 луѓе живееле во Кан Јунис и неговата околина пред почетокот на војната помеѓу Изарел и Хамас на 7 октомври лани. Голем дел од градот сега е во урнатини по неколкумесечни бомбардирања и тешки борби помеѓу израелската војска и борците на Хамас. „Одам во мојата куќа и знам дека е уништена. Ќе ги отстранам урнатините за да извадам кошула“. Во меѓувреме, Хамас соопшти  дека не е постигнат напредок во новата рунда преговори за прекин на огнот во Појасот Газа што се одржа викендот  во Каиро.

 

Зеленски: Противвоздушната одбрана што ја имаме не е доволна, тоа на сите им е јасно

Руските воздушни напади врз Украина не престануваат а нашите постоечки капаците за воздушна одбрана не се доволни изјави шефот на украинската држава. Зеленски ги повика меѓународните сојузници итно да ги испорчаат неопходните системи за противоздушна одбрана. „Сосема е очигледно дека нашите постоечки капацитети за воздушна одбрана во Украина не се доволни – и тоа е очигледно за сите наши партнери. „Постојат системи за противвоздушна одбрана во светот кои можат да помогнат. Сè што ни треба е политичка волја да ги пренесеме овие системи во Украина, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. Во меѓувреме Меѓународната агенција за атомска енергија објави дека во синоќешниот напад со дрон врз нуклеарната централа Запорожје во источна Украина бил погоден еден од реакторите, но за среќа штетата не ја загрозила нуклеарната безбедност. Русија под чија контрола е атомската централа ја обвини Украина за нападот. „Ова е многу опасна провокација. За жал, режимот во Киев продолжува со својата терористичка активност“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Киев негира дека е вмешан во нападот.