Предадена во употреба реконструирана улица во Бучинци
Во населено место Бучинци, денеска беше предадена во употреба реконструираната и асфалтирана улица „4“, проект во висина од 1,7 милиони денари реализиран со средства обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.
Улицата со вкупна должина од 300 метри ја предадоа во употреба градоначалникот на Општината, Жика Стојановски и претседателот на Советот, Марјан Милошевски.
- Со изградбата на оваа улица во најмалото населено место, оддалечено 15 километри од седиштето на општината, Општина Илинден продолжува со инвестирањето во локалната патна инфраструктура како еден од приоритетите во насока на рамномерниот развој и подобрувањето на квалитетот на живеење во сите 12 населени места, посочуваат од општината.
Покрај асфалтирањето на улица „4“ асфалтиран е и просторот пред Домот на култура „Бучинци“, а исчистено и уредено е и коритото на Сува Река.
Ново на Сител
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата