Македонија
26. February 2025 - 16:40

Месец на франкофонијата

Со бројни активности и промоција на 8 нови филмови на француски јазик почнува одбележувањето на месецот на франкофонијата. Амбасадорите на земјите членки на Франкофонијата ја претставија културната програма и настаните кои ќе се одржуваат во текот месец март и на почетокот на април.

Амбасадорите ја истакнаа важноста на францускиот јазик како јазик на кулутурата и најавија зголемување на активностите за изучување во училишта.

Македонија е дел од Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006-та, кога беа отворени и првите билингвални паралелки во средните училишта во Скопје, Неготино, Битола и Куманово.