Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот Димитров
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија поднесе иницијатива за интерпелација на министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Како што информира на прес-конференцијата во македонското Собрание пратеникот Антонио Милошоски, во интерпелацијата се наведени повеќе работи, но посочи на три за нив клучни причини: Договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, неименувањето и неупатувањето на Александар Николовски за ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Европската Унија во Брисел и стратегијата за бегалци и мигранти.
- Првата работа е брзоплетото, штетно потпишување на договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија. Избегнувањето за него да се дискутира, лажењето дека се работи за нацрт текст што може да се подобри каде што би била вклучена и опозицијата, а потпишување финален текст што не бил воопшто предмет ни на преговарање туку бил само прифаќање на бугарските позиции за што честитаме на бугарската Влада што се изборила за своите интереси, но не и на министерот за надворешни работи на Македонија кој што не ги застапувал македонските национални интереси и потпишал одредби кои што ќе бидат со спроведувањето за Република Македонија, рече Милошоски.
Во однос на на Александар Николовски посочи дека ги поминал сите законски, уставни процедурални фази за негово именување и назначување за амбасадор, вклучително и добиени 28 агремани од членките на ЕУ, а од МНР добиле само заклучок дека постапката се прекинува без да се биде повикано на ниеден член од Законот за надворешни работи или на Уставот што е прекршено.
Тој укажа и на, како што рече, немањето категоричен, одречен и јасен став од министерот Димитров по однос на притисокот што се врши врз Република Македонија, вели, да изгради прифатни центри и бегалски кампови за мигранти, а што сметаат дека недозволиво.
- Тоа се трите точки наведени во самата интерпелација која што денес ја доставуваме и она што беше оневозможено од парламентарното мнозинство да се дискутира на една нормална отворена седница, рече Милошоски.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија