-->
-->
Познат составот на македонската тениска репрезентација
-->
Томислав Јотовски, Димитар Грабул и Горазд Србљак е составот на македонската тениска репрезентација за мечевите од Третата Европска зона во Дејвис купот што од 5-8.април ќе се игра во Созопол, Бугарија. Ова е изборот на селекторот Дејан Маринковиќ, што значи дека нашата репрезентација ќе настапи во истиот состав како и лани во Естонија.
Покрај Македонија ќе настапат уште: Албанија, Андора, Ерменија, Бугарија, Грција, Исланд , Република Ирска, Косово, Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Молдавија, Црна Гора и Сан Марино.
Селекциите ќе бидат поделени во четири групи (една со три селекции и три со четири селекции). Победниците на групите ќе играат во полуфиналето, а репрезентаците кои ќе победат во полуфиналето ќе се пласираат следната сезона во Втората Евро-африканска зона.
Според досега пријавените играчи кај Бугарија го нема нивниот прв тенисер Григор Димитров, но како прв избор е Александар Лазов кој лани имаше успешни настапи на фјучрс турнирите во Скопје, каде заедно настапуваше со нашиот тенисер Томислав Јотовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот