Пожарот во гевгелиската зграда направил штета од пет милиони денари
Вкупната штета во оштетените станови од гевгелиската зграда, направена од пожарот на 30 јули годинава, изнесува нешто повеќе од 4,9 милиони денари, се вели во Елаборатот изготвен од Општинската комисија за проценка на штети предизвикани од елементарни непогоди.
Околу 4,6 милиони денари од вкупната сума е штетата на станбената површина, изгорената столарија, мебел и апарати за домаќинство во опожарените шест станови од подкровјето, а околу 350.000 денари изнесува штетата на индиректно оштетените станови од петтиот кат предизвикана од водата при гасењето на огнот.
Во Елаборатот се констатира дека се уништени шест стана од кои четири во сопственост на физички лица и два на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Во предвидениот рок, пријави за претрпена штета поднеле 15 физички лица, а правниот субјект не поднел пријава за штета.
Овој Елаборат ќе се најде пред советниците на седницата на Советот на Општина Гевгелија која треба да се одржи утре.
Ново на Сител
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие