Пожарот на прилепската депонија е локализиран, надлежните со сомнеж дека е подметнат
Пожарот на прилепската депонија кај селото Алинци моментално е локализиран, но не е изгаснат.
- Првата дојава за пожар беше во вторникот во попладневните часови, а во еден часот по полноќ беше локализиран. Изутрината од ЈКП „Комуналец“ ни јавија дека повторно гори, на друг крак на депонијата. Интервениравме со четири противпожарни возила со цистерни и со девет пожарникари. Пожарот е локализиран, но не е изгаснат. Со механизација на ЈКП „Комуналец“ и на други фирми се работи етапно за растргување на целото ѓубриште и етапно гаснење на површината која гори на наталоженото ѓубриште, објаснува Кристијан Момироски, командир на прилепската противпожарна единица.
Од прилепски „Комуналец“ се сомневаат дека пожарот е подметнат и на состанокот на Кризниот штаб побараат поголемо присуство на полицијата. Во меѓувреме се вршат контроли од страна на инспекциските служби, посебно за животна средина.
-Денешниот пожар ја стави депонијата во пламен, но од спротивната страна. Само може да кажам дека се сомневам дека е подметнат пожарот, но не знам од кои причини. Побаравме поголемо присуство на полицијата, а на депонијата имаме еден чувар. Опасноста е од еколошка природа. Се извиваа густи облаци чад, воздухот е загаден. Инспекциските служби, посебно за животна средина прават увид и контрола и добивме препораки како да постапуваме, изјави Рубин Абрашоски, директор на ЈП „Комуналец“ од Прилеп.
Ова е едно од најголемите предизвикувања пожар на депонијата кај Алинци стара речиси 50 години и е на четири хектари. В година треба да профункционира регионалната депонија кај Новаци.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
За изборот на новиот папа, Тема на денот со Кирил Стојанов, новинар
-
Поддршка за Стерјовски пред утрешните парламентарни избори во Албанија
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија
-
Тошковски: Полицијата прибира докази за пожарот во „Пулс“