Пожарите во Дебарско изгаснати, активен само еден во село Бомово
Локализирани се пожарите кои беснееја во Дебарско и нема потреба од интервенција од воздух. Активен е само уште еден пожар, од помал обем, во селото Бомово, информираше за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица.
- Со максимални напори во текот на ноќта беа локализирани пожарите во регионот на селото Татар Елевци, Сушица, Бомово и Коњаре. Моментно интервенираме на еден пожар во Бомово. Во регионот на Татар Елевци гореше сува вегетација и ниско стеблеста шума а во останатите села сува вегетација и костенови насади. Интервенцијата ни ја отежнуваше непристапниот терен, додаде Мифтароски.
Според него, во регионот на Татар Елевци зафатена била површина од 30 хектари, додека во Бомово, Сушица и Коњаре околу 20 хектари.
Во гаснењето на пожарите освен пожарникарите биле вклучени и вработени од шумска полиција и од подружницата „Стогово“ на „Национални шуми“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат