-->
-->
Пожар над Пинтија, граѓаните во паника, пожарникарите немоќни
-->
Жители на скопската населба Пинтија се обратија до Сител со фотографии дека голeм пожар попладнево избил над населбата.
Според фотографиите, во опасност се куќите кои се на само 200-300 метри од пламенот.
Гори сува трева и нискостеблеста шума.
На самото место се противпожарни екипи на Град Скопје и се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Во гаснењето на пожарот е вклучено и локалното население, а според нивни информации се чекало на екипа на МЕПСО да го исклучи далноводот за да може да се интервенира со канадери.
Засега нема информации за причините за пожарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата