Повредени 16 лица во 14 сообраќајки во Скопје
Сопатник е тешко повреден, а двајца возачи на патнички автомобили се здобиле со полесни повреди во сообраќајка вчера во Скопје. На подрачјето на СВР Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани уште 13 несреќи, а во осум од нив полесно се повредени 13 лица. Пет сообраќајки се со последица материјална штета.
Како што информираат од СВР Скопје, во текот на изминатиот ден полицијата открила поголем број прекршоци: 13 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца поминале на црвено светло на семафорите, 12 управувале возила со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола, а 37 за непрописно паркирани возила.
Со помош на специјално возило отстранети се 61 возило заради непрописно паркирање.
Одделението за превенција вчера одржа посебна воспитна мерка сообраќајна поука за учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Од СВР Скопје информираат дека продолжуваат и со предавања на тема „Влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанци врз безбедноста во патниот сообраќај“ со ученици од IV година во средните училишта на подрачјето на главниот град.
Ново на Сител
-
До две илјади денари заштеда од храна без ДДВ, предлага СДСМ
-
Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
-
Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал
-
Ден на ромскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина