Повик за изразување интерес на млади кои сакаат да бидат дел од Гаранцијата за млади
Сите млади на возраст до 29 години кои се невработени и веќе го завршиле своето образование (средно училиште или факултет) и не се пријавени во Агенцијата за вработување може да се вклучат во проектот „Гаранција за млади“.
Овој проект го спроведува Министерство за труд и социјална политика, Агенција за вработување и Националниот младински совет на Македонија, а е финансиски поддржан од Швајцарската амбасада во Скопје. „Гаранција за млади“ е активна мерка за вработување на млади лица која се спроведува во државите од Европската унија од 2012 година. Македонија ја имплементира оваа програма во пилот фаза која почнува во 2018 година.
„Гаранцијата за млади“ им гарантира на младите дека во период од четири месеци како тие ќе се пријават во Агенцијата за вработување кариерните советници ќе ги упатат во некоја од мерките што ги нуди овој проект. Во оваа пилот фаза за имплементација на програмата се вклучени општините од Град Скопје, Струмица и Гостивар. Во овие општини кои се вклучени во имплементацијата се ангажирани по двајца теренски работници кои имаат основна задача да им ја претстават „Гаранцијата за млади“ на младите лица и да им го помогнат процесот да пристапат до Агенцијата за вработување.
За општина Аеродром задолжени се теренските работници: Елисавета Булоска и Мила Карадафова, кои можат да се контактираат телефонски на 078/517-189 или 078/370-987. За дополнителни информации можат да се обратат на info@nms.org.mk
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори