ОН: Повеќе од четири милиони луѓе во Либан може да останат без пристап до вода
– Обединетите нации (ОН) предупредија дека повеќе од четири милиони луѓе во Либан, вклучително и еден милион бегалци, се изложени на ризик да го изгубат пристапот до безбедна вода, бидејќи недостигот на средства, гориво и залихи влијаат на црпењето вода.
„УНИЦЕФ проценува дека повеќето пумпања на вода постепено ќе престанат низ целата земја во следните четири до шест недели“, соопшти ОН. Либан се бори со економски колапс што доведе повеќе од половина од населението во сиромаштија, а националната валута изгуби повеќе од 90 проценти од својата вредност за помалку од две години. Финансиската криза доведе и до сериозен недостиг на основни производи, како што се гориво и лекови.
УНИЦЕФ исто така процени дека во случај на колапс на јавниот систем за водоснабдување, цената на водата во Либан може да скокне за 200 проценти месечно, бидејќи водата би се обезбедувала од приватни добавувачи на вода. – Доколку не се преземе итна акција, болниците, училиштата и основните јавни установи нема да можат да функционираат, изјави портпаролката на УНИЦЕФ за Либан, Јуки Мокуо.
Ново на Сител
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
-
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
-
Преглед на вестите од светот
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче