Поучна приказна: Татко го одвел синот за да му покаже што е тоа сиромаштија но...
– Еден ден, таткото го однел својот син на пат во една земја за да му покаже како изгледа да се биде сиромашен. Минале неколку дена и ноќи на една фарма кај семејство за кое може да се каже дека е сиромашно.
По завршеното патување, таткото го прашал синот дали му се допаднал патот.
– Беше одлично тато, рече синот.
– Дали гледаш колку можат луѓето да бидат сиромашни?, го прашал таткото, на што момчето рече О, да.
– Што научи на ова патување? , а синот одговори следново:
– Видов дека ние имаме едно куче, а тие имаат четири. Ние имаме базен насред двор, а тие имаат река на која не се гледа крајот. Ние имаме многу ламби по нашиот двор, додека тие имаат ѕвезведно небо.
Нашиот двор е заграден и ограничен, додека тие имаат цел хоризонт. Ние имаме мал дел од земјата на која живееме, доде тие имаат пространство кое нема граници. Ние имаме слуги кои не служат, додека тие други услужуваат. Ние купуваме храна за нас, додека тие ја одгледуваат за себе. Ние имаме ѕидини околу нашиот имот за да не чува, додека тие имаат пријатели кои тоа го прават.
Таткото на момчето занемел кога синот го раскажал своето доживување, на што момчето само додаде дека од ова патување тој сфатил дека тие се оние кои всушност се сиромашни.
Ново на Сител
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан