Потоп во Лазарополе, 5 литри дожд на метар квадратен
Најмногу дожд во последните девет часа, до 16 часот, наврна во Лазарополе. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Лазарополе е наврнат воден талог од пет литри на метар квадратен, следува Маврово со три, Виница, Претор, Битола, Тетово и Охрид со два и Струмица со еден литар на метар квадратен.
До крајот на денот времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Доцна попладне ќе има пообилни врнежи во западните, а во ноќните часови во источните делови, каде се очекува локално да наврнат околу 50 литри на метар квадратен.
Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, со слаб до умерен интензитет. До крајот на денот врнежите речиси секаде ќе престанат. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.
И в среда ќе се задржи променливо облачно, ветеровито и релативно свежо време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. В четврток ќе има делумно стабилизирање на времето, а од петок ќе биде малку потопло со локален краткотраен дожд и ретки грмежи.
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ